Поврзете се со нас

Англија

Мареска не можеше целосно да се израдува на големата победа: Добивме тежок удар

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

По разочарувачката сезона која ја остави зад себе, Челси е навистна пријатно изненадување на стартот на новата кампања во Премиер лигата, бидејќи тимот на Енцо Мареска е третопласиран на табелата по 13 комплетирани рунди.

„Лондонските сини“ вчера добија тежок натпревар против Астон Вила и славеа со убедливи 3:0, што само покажува дека овој тим на Мареска е се подобар со секој одигран нареден меч во елитното англиско друштво.

Триумфот од 3:0 направи Челси да остане со исто бодовно конто како Арсенал, но оваа победа не беше целосно слатка за менаџерто Мареска, кој за жал остана без еден клучен играч во својата ротација.

Дефанзивецот Фофана се пожали на повреда по еден час игра и веднаш го напушти теренот, а Мареска не даде баш добри вести по финишот на „Стемфорд Бриџ“.

– За жал, вестите за Фофана не се баш добри. Добивме лоши вести, станува збор за проблем со задната ложа и тие повреди се комплексни.

– Вакви повреди бараат пауза од три, четири или пет недели. Со оглед на тоа какво влијание имаше врз нас, ова е голема загуба и тежок удар за нас. За жал, таков е фудбалот и останува да се потпреме на други играчи. Имаме и други играчи во тимот и ќе мора да најдеме решение, – изјави Мареска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни