Поврзете се со нас

Англија

Мареска: Мечот со Ливерпул е посебен, одиме по бодови на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Ливерпул и Челси ќе ги одмерат силите на утрешниот меч на „Енфилд Роуд“, меч кој е дерби на колото во Премиер лигата.

„Црвените“ се на врвот на табелата со 18 бода, но Челси е една од двете екипи (заедно со Ливерпул) кои се перфектни на гостински терен во досегашниот дел од сезоната.

Ова за „сините“ дефинитивно ќе биде супер значен тест, да видат до каде се и дали може да се носат со најдобрите во овој период во кој клубот се обидува да се издигне. Менаџерот Енцо Мареска очекува добро издание и освојување на бодови.

-Натпреварите против Ливерпул се посебни за сите клубови. Атмосферата таму е фантастична и ние сме возбудени што ќе играме во таков тип на игра. Тие се многу тежок противник. Ќе дадеме се од себе за да освоиме бодови. Тие работат фантастично, имаат многу добри играчи и многу добар менаџер. Клубот е многу добар. На ова ниво се веќе неколку години и продолжуваат да го одржуваат, што им е важно. Ќе му пристапиме на натпреварот без да размислуваме каде сме на табелата. Овој натпревар нема да одреди до каде сме стигнале, -порача Мареска.

Средбата е закажана за утре од 17:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни