Поврзете се со нас

Англија

Мареска јавно прозва еден незаменлив стартер: Далеку е од тоа што го очекувам

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси денеска ќе му гостува на Манчестер Сити во натпревар кој е директна пресметка за пласман во топ 4, дуел кој треба да даде многу одговори за амбициите на двата тима во овој момент.

„Лондонските сини“ ја прекинаа лошата низа во Премиер лигата со победа над Вулверхемптон, но и тој натпревар покажа дека Енцо Мареска во својот стартен тим има еден навистина несигурен фудбалер.

Станува збор за голманот Робер Санчес, кој за време на дуелот со „волците“, беше и исвиркуван од публиката на „Стемфорд Бриџ“.

Причина за тоа беше големиот кикс кој придонесе противникот да израмни на 1:1, па коментирајќи ги изданијата на својот стартен голман, Енцо призна дека не може да биде целосно задоволен.

– Гледам подобрувања кај Санчес, но се уште е многу, многу далеку од тоа што сакам да биде и тоа што го очекувам од него.

– Тој е наш прв голман и така ќе биде до крајот на сезоната, тука нема никакви дилеми. За наредната ќе видиме, не можам да гарантирам за иднината. Не можам да знам дали и јас ќе бидам тука наредната сезона, мора да се фокусираме на тоа што ни следи до крајот на сезоната, а потоа ќе извлекуваме заклучоци, – потенцира Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни