Поврзете се со нас

Англија

Мареска ја открил главната амбиција на Челси сезонава

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси викендов има тешко гостување кај Астон Вила, екипа која во средата одигра нерешено со лидерот Ливерпул, а сезонава се обидува повторно да обезбеди место кое води во Лигата на шампионите.

Конкуренцијата во Премиер лигата е жестока, па Енцо Мареска вели дека очекува реакција од неговата екипа, со цел да се оствари главната клупска амбиција сезонава.

– Мора да бидеме вознемирени во моментов, бидејќи не сме задоволни од последните резултати.

– Ние сме дел од клуб кој треба да се бори за трофеи, ова се истите играчи со кои долг период бевме во Топ 4 и нашата главна амбиција е да бидеме таму на крајот на сезоната.

– Имаме пет-шест важни играчи кои се повредени, па не сум изненаден што имаме и тешки моменти сезонава. Ќе се обидам да му помогнам на тимот да се вратиме меѓу најдобрите на табелата, – рекол Мареска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни