Англија
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот

Енцо Мареска успеа да се ослободи од дел од вишокот фудбалери во составот на Челси за време на зимскиот преоден рок, а го привлече вниманието на новинарите со изјава поврзана со еден од играчите кои заминаа во друга средина.
Се работи за Жоао Феликс, кој Челси го откупи од Атлетико Мадрид за најмалку 50 милиони евра, а по неубедливата полусезона сега е испратен на заем во Милан.
Португалецот постигна гол на дебито за „росонерите“, но Мареска вели дека не жали за својата одлука.
– Не ни недостасува Жоао, среќен е во Милан и ние сме среќни бидејќи тој е задоволен.
– Факт е дека е незгодно да ни се повредат двајца играчи на последниот ден од преодниот рок, но очекувам Нико Џексон да се врати брзо во тимот, – рекол Мареска чија екипа вчера загуби од Брајтон во ФА купот.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија23 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства6 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)