Поврзете се со нас

Англија

Мареска го брка заменик капитенот на Челси: Подобро е да си замине…

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Енцо Мареска ја прифати понудата на стана нов менаџер на Челси, клуб кој се обидува да се пронајде и повторно да биде сила во англискиот фудбал.

„Сините“ трошат многу пари за засилувања и на располагање имаат голем број на играчи што дефинитивно е проблем. Мареска ќе мора да пресече околу дел од нив, но интересно е тоа што меѓу оние кои се обидуда да ги „откачи“, „избрише“ е актуелниот заменик капитен Бен Чилвел на кого јавно му порача дека е подобро да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

-Чилвел е со нас, но тој не тренира последните неколку дена бидејќи беше болен. Причината поради која не играше против Интер беше затоа што, со Чили е сосема јасно, иако го сакам таков каков што е, проблемот е што тој малку се мачи да ја најде вистинската позиција.

-Утрово трениравме 22 играчи и ако ги прашате сите ќе кажат дека сакаат да играат против Сити во недела. Но, тоа е невозможно. Кога тренираш секој ден и не добиваш минутажа, тоа не е добро ниту за нив ниту за мене. Треба да донесам одлука и веројатно е подобро да си замине и да добие минути во друг клуб. Трансфер прозорецот е отворен, па ќе видиме што ќе се случи, -рече стратегот.

Челси приот меч во ПЛ го игра во својот дом против шампионот Сити.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни