Англија
Мареска: Двајца играчи ќе побараат да си заминат од Челси
Енцо Мареска засега успешно го води Челси, тим кој е втор во Премиер лигата и состав кој без грешка ја мина првата фаза во Конференциската лига на УЕФА.
Меѓутоа и покрај овие резултати има играчи кои се незадоволни кај „сините“ поради статусот што го имаат во екипата, поточно фактот дека не играат доволно, па тренерот Мареска јавно посочи дека очекува две имиња Бен Чилвел и Карни Чуквуемека да побараат да ја променат средината во зимскиот преоден рок.
-Има играчи кои за жал, не играа многу со нас во сите натпреварувања како Чилвел, како Карни. Веројатно тие се првите кои ќе кажат дека сакаат да заминат затоа што тренираат секој ден, затоа што сакаат да играат натпревари. Ако не играат мечеви веројатно размислуваат да си заминат.
-Секој играч е во малку поинаква ситуација, па ќе видиме дали некои од нив ќе дојдат и тропнат на врата и кажат „Сакам да заминам“ или нешто слично. Зависи и ќе се обидеме да најдеме решение, -порача Италијанецот.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија19 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)