Англија
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“

Челси утре има тешко гостување кај Брајтон, тим кој пред неколку дена ги елиминираше од ФА Купот, па ова е можност за реванш, одмазда на „Амекс“.
Ова ќе биде сериозен тест за „сините“ кои донесе една важна одлука во пресрет на овој меч, одлука на менаџерот Енцо Мареска. Се работи за тој кој ќе биде „единица“ кај Челси, поточно прв голман на екипата.
Досега тоа беше шпанскиот интернационалец Роберт Санчез кој доста беше критикуван за некои негови изданија, грешки, тренерот Мареска доста време му даваше поддршка, меѓутоа сега и самиот тој попушти и Филип Јоргесен ќе биде прв голман.
-Реков дека решението за Филип е и да му се даде малку време на Роберт да се опорави психички и физички. Но, идејата не е натпревар по натпревар да се менува голманот. На последниот натпревар од Премиер лигата го имавме Филип, а во ФА Купот тоа беше Роберт. Наш голман во моментов е Филип.
-Разговарав со Роберт неколку дена пред Вест Хем каде што ја донесов одлуката да играм со Филип. Никогаш повеќе не разговарав со Роберт, а со Филип исто така. Ја знаат ситуацијата. Ова е ситуацијата сега и потоа ќе видиме, -истакнал Италијанецот.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА14 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)