Поврзете се со нас

Англија

Мареска: Челси ќе доминира во Англија наредната деценија

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска смета дека неговиот клуб е подготвен да доминира во Премиер лигата наредниот период.

Италијанскиот стручњак потенцира дека и покрај добрите резултати последниот период, Челси сезонава нема да може да стигне до титулата, но актуелното раководство може да очекува сериозни успеси по некоја година.

– Не сме дел од трката за титулата, тоа е мое мислење.

– Она што им го кажав на сопствениците и спортскиот директор уште на првите средби е дека поради возраста и квалитетот на фудбалерите, според мене Челси во наредните пет до десет години ќе биде тим кој ќе доминира на англиската фудбалска сцена.

– Тоа е она што прво им го кажав и без разлика кој ќе биде на клупата, мислам дека возраста и квалитетот се гаранција за доминација.

– Тие не побараа исполнување посебни таргети од мене, но главната задача е да се изгради нешто важно следниве години и мислам деак се движиме во позитивна насока. Самиот не се фокусирам на оваа или следната сезона, бидејќи знам дека е нереално да успееме толку брзо, – рекол Мареска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни