Поврзете се со нас

Англија

Мареска брутален за играчот кој го извади на полувреме: Очекувам многу поголем квалитет

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси ја запиша првата победа во Премиер лигата во ерата на Енцо Мареска, откако денеска во еден крајно ефикасен меч на „Молину“ славеше со резултат 2:6.

Гостите од Лондон постигнаа четири гола во вториот дел и покажаа дека имаат импресивен напаѓачки потенцијал, но на фановите и на новинарите посебно внимание им привлече и потегот на Мареска на паузата меѓу двете полувремиња.

Италијанецот пред неколку дена го критикуваше Михаило Мудрик за неконстантноста која ја прикажува од првиот ден во Челси, па откако денеска го извади на полувреме, повторно се огласи брутално за Украинецот.

– Го извадив Миша бидејќи не бев среќен и задоволен. Мислам дека можеме подобро да ги менаџираме ситуациите во одредени моменти, мора да носиме подобри одлуки. Тој работеше многу напорно и беше одличен во играта без топка, но со топка во нозете очекувам многу поголем квалитет од него.

– Според мене, тој имаше неколку добри моменти, но потребна ни беше поголема стабилност со топка и затоа го променивме. Покрај се, сакавме да му дадеме минутажа и на Нето, – објасни Мареска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни