Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Марчињак направи скандал во родната Полска, УЕФА донесе одлука за неговиот статус за финалето во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Полскиот судија Симон Марчињак се најде во средина на скандал во родната земја и УЕФА отвори истрага поради неговото политичко делување во еден контроверзен настан, но на крајот водечкуте луѓе на Европската Федерација го прифатиле извинувањето од арбитарот и тој останува со задачата која му беше доделена пред извесно време.

Марчињак останува главен судија за финалето во Лигата на шампионите кое се игра во Истанбул на 10-ти јуни, со што Полјакот ќе комплетира една сезона за паметење, во која веќе ја делеше правдата во големото финале на Светското првенство.

Полјакот можеше да остане без второто финале поради присуство на ултрадесничарски собир во родната земја на кој држел и говор пред присутните, но Марчињак вели дека не бил запознаен со позадината на организацијата и неговото јавно извинување било прифатено од страна на Александер Чеферин и неговите соработници.

– Се надевам деак оваа порака ќе допре до сите оние кои беа шокирани и разочарани од моето учество на настанот „Еверест“ во Катовице. Сакам да изразам најдлабоко извинување за вознемирувањето и штетата која ја направив.

– Бев измамен и не знаев каква позадина има овој настан, истото важи и за организацијата. Не знаев дека се работи за ултрадесничарска организација, да го знаев тоа, категорично ќе го одбиев повикот. Вредностите кои ги промовира тоа движење се комплетно поинакви од моите уверувања и се она што го правам во животот. Најискрено жалам што бев дел од ова и уште еднаш се извинувам. Јас ги поддржувам и ги делам сите вредности кои ги промовира УЕФА и тие се темел врз она со што се занимавам, – гласи извинувањето на Марчињак кое го сподели и УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни