Поврзете се со нас

СЕХА лига

Мараш: Знаевме кое е нивното најсилно оружје, покажавме дека сме подобра екипа

Објавено

на

blank

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа третата победа во групата А во СЕХА лигата и тоа во пресметката против Металопластика во Шабац.

Клубот од Битола славеше со 34-27, а според Матео Мараш клучот за добриот резултат е одличната игра во вторите 30 минути.

-И дозволивме премногу голови на Металопластика во првото полувреме и покрај тоа тоа знаевме дека офанзивната транзиција е нивното најсилно оружје. Одбраната функционираше многу подобро во второто полувреме и покажавме дека сме подобра екипа во овој момент. Дадовме некои лесни голови на крај, голманот си ја заврши својата работа и победивме, -истакна Мараш кој беше автор на четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни