Поврзете се со нас

Свет

Марадона со пријателски совет до Мбапе: Пази се од оние кои сакаат да те масакрираат

Објавено

на

Диего Армандо Марадона ќе наполни точно 60 години овој петок, а по повод убавиот јублеј, угледниот „Франс Фудбал“ одлучи да му ја посвети насловната страна на легендарниот аргентински фудбалски маестро кој важи за еден од најголемите на сите времиња.

Престижниот магазин кој ја доделува „Златната топка“ му направи интервју на неповторливиот Марадона, кој го искористи разговорот за да му исрапти искрен совет и на најголемиот фудаблски талент од Франција, Килијан Мбапе.

Ѕвездата на ПСЖ доживеа ѕвездени моменти во фудбалска Европа како тинејџер и важи за неверојатно зрел фудбалер и покрај тоа што има само 21 година, па во моменти кога се шпекулира која ќе биде неговата следна станица во фудбалската кариера, Марадона му порача да игра повнимателно на теренот и да се пази од дефанзивци кои сакаат да му ги сомелат колената.

– Мбапе е фантастичен фудбалер, но се уште важи за малдо момче. Килијан треба да одигра уште многу натпревари во сите натпреварувања за да продолжи да расте како играч.

– Мојот совет е следен. Треба да се пази од дефанзивци кои можат и сакаат да му ги масакрираат колената, особено кога неговиот прогрес како играч е неверојатно брз и фантастичен, – потенцира Дон Диего.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни