Марадона полуде откако неговиот тим постигна гол во 100. минута, ги налути и противниците! (Видео)

maradona-al

Диего Армандо Марадона од крајот на 2017 година е тренер на Ал Фуџара, тим кој се натпреварува во лигата на Обединетите Арапски Емирати, а на последниот натпревар од рамките на домашното првенство, популарниот „Гаучо“ приреди шоу во свој стил.

Темпераментниот Аргентинец уште еднаш ни демонстрираше дека не може да ги контролира емоциите и страста, па откако неговиот тим постигна израмнувачки гол за 1:1 во 100-та минута, буквално полуде од радост и малце претера со прославата.

Со своите гестикулации и шоу крај аут линијата, Марадона успеа да ги налути и противниците, а мора да се напомене дека тие и имаа право да бидат лути бидејќи Ал Џафара постигна израмнувачки гол во 100-та минута кога судијата имаше дадено шест минути продолжение.

Facebook Коментари