Поврзете се со нас

Свет

Марадона јуниор: Тие што го споредуваат Меси со татко ми, немаат врска од фудбал!

Објавено

на

Аргентина доживеа неочекуван и болен пораз од Саудиска Арабија од 2-1 на првиот меч на Светското првенство, пораз со кој беше прекината фантастичната серија на „гаучосите“ кои не знаеја за неуспех од 2019 година.

Ваквиот резултат секако донесе критики за националниот тим, а меѓу оние кои беа најразочарани и отворено зборуваа беше синот на легендарниот Диего Армандо Марадона. Марадона јуниор го критикуваше Лео и посочи дека ѕвездата на ПСЖ воопшто не е на нивото на неговиот татко.

-Потресен сум од поразот од Аргентина. Тешко ми е да поверувам дека тоа навистина се случи. Поразот од Саудиска Арабија е лудост. Споредбата меѓу Меси и татко ми ја прават оние кои не гледаат и не разбираат фудбал. Зборуваме за две различни планети.

-Не сакам веднаш да фрлам со камења по Меси. Понекогаш во фудбалот се случува да загубиш и од многу послаби противници. Мислам дека Аргентина не беше ароганта против Саудиска Арабија. Фудбалот е таков. Ако не ги затворите натпреварите, дури и најслабите тимови ќе дојдат по вас, -истакна синот на аргентинската икона.

Избраниците на Скалони ќе можат да го поправат впечатокот против Мексико и Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни