Поврзете се со нас

Свет

Марадона избра страна: Знаев дека ќе му се случи ова на Меси во Барселона!

Објавено

на

Диего Армандо Марадона во интервјуто за „Кориере дело Спорт“ посака три најискрени желби кои сака да му се остварат по повод јубилејниот 60-ти роденден, но легендарниот Аргентинец одработи и роденденско интервју за домашниот „Кларин“ во кое за првпат ја искоментира и сагата која ја имаше неговиот сонародник Лионел Меси.

Капитенот на Барселона за првпат јавно изрази желба да го напушти „Камп Ноу“ изминатово лето, но не доби дозвола од страна на раководните структури и сега влезе во последната година од договорот со каталонскиот гигант.

Своевремено, Меси наиде и на доста критики поради начинот на кој го извести клубот дека е подготвен за нова авантура во кариерата, а интересно, Марадона вели дека можел да насети вакво сценарио за неговиот сонародник.

– Знаев дека Меси и Барселона еден ден ќе завршат на лош начин и искрено, мислев дека Лео ќе си замине изминатово лето. Ми се случија и мене вакви работи во кариерата. Барселона не е лесен клуб за преговарање, уште повеќе кога сакате да си одите, а сте клучен играч. Сепак, Меси беше многу години таму и не доби третман каков што заслужува.

– Меси им даде се, ги однесе до највисоко скалило во фудбалот и кога посака да си оди и да испроба нешто ново, му рекоа НЕ, – додава Марадона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни