Марадона со искрен коментар за дебаклот на Италија (Фото)

maradona-prekrsten

Неуспехот на Италија во двата бараж дуели со Шведска за пласман на Светското првенство во Русија е нешто што сигурно предизвика голем шок во светската спортска јавност, уште повеќе ако се знае дека „аѕурите“ за првпат нема да ги гледаме на еден мундијал по пауза од цели 60 години.

Најважното натпреварување кое ќе се одигра наредната година во Русија ќе биде пократко за четирикратниот светски шампион кој во наредниот период сигурно ќе претрпи некои сериозни промени, а во меѓувреме покрај реакцијата од домашната јавност, постојано пристигнуваат и реакции и пораки од познати светски имиња кои со неверување ја доживеаја елиминацијата на големиот фаворит.

Еден од нив е легендарниот Диего Армандо Марадона, незаборавниот аргентински фудбалер кој смета дека Светското првенство нема да биде исто без учеството на Италијанците.

– Навистина многу жалам што Италија остана без мундијал. Италијанците секогаш им даваат посебен колорит на Светските првенства. Го гледав натпреварот и ми се чини дека Италија играше онака како што посакуваше Шведска, постојано испраќаа центаршутеви во шеснаесетникот. А, Швеѓаните имаа два бека позади. Како што минува времето, така конкуренцијата е се потесна и пожестока. Жално е што една Италија, една голема селекција, историска селекција остана без мундијалот во Русија, – гласи објавата на Марадона.

Facebook Коментари