Поврзете се со нас

Свет

Марадона инсистира асистент во Химназија да му биде уште една аргентинска легенда

Објавено

на

Диего Армандо Марадона реши да остане на клупата на Химназија и во текот на новата сезона, но сега има специјално барање од аргентинскиот клуб.

Марадона побарал во неговиот стручен штаб да биде вклучен друг легендарен аргентински репрезентативец, поточно Клаудио Каниџа, со кого играше заедно во националниот тим.

Фановите на овој спорт го паметата долгокосиот Каниџа како уште еден фудбалски бутновник, кој имаше важно место во аргентинскиот национален тим, но и слични проблеми со наркотици како Марадона.

Аргентинските медиуми велат дека Химназија го прифатила барањето на Дон Диего, па се очекува уште само Каниџа да стави потпис на договорот и да биде промовиран како асистент на Марадона.

Каниџа во фудбалската кариера настапуваше и за Бока Јуниорс и Ривер Плата, а во Европа го носеше дресот на Верона, Аталанта, Рома, Бенфика, Данди и Глазгов Ренџерс.

Настапи на три мундијали за „гаучосите“, а посебно се истакна на СП во 1990 година во Италија, кога постигна важни голови со кои и помогна на Аргентина да стигне до финалето, но истото го пропушти поради суспензија. По СП 1994 долги години не беше повикуван од селекторот Даниел Пасарела затоа што одбиваше да ја скрати долгата коса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни