Марадона го посочи главниот виновник за ужасот на „гаучосите“: Нема да може да се врати во Аргентина

maradona-pura

Диего Армандо Марадона со големи емоции ги доживеа сите случувања на вчерашниот меч на кој разочара неговата Аргентина против селекцијата на Исланд, а бидејќи во последно време се издвои како еден од најголемите критичари на фудбалската структура во својата земја, денеска го даде и првиот коментар за она што го виде вчера на теренот.

Легендарниот Марадона нема никакви забелешки за фудбалерите и тоа го покажа и со срдечните гестикулации кои им ги испраќаше од вип ложата по крајот на вчерашниот меч, но затоа е комплетно разочаран од селекторот Хорхе Сампаоли кој сега жестоко го искритикува и го издвои како најголем виновник за вчерашниот хорор.

– Ако тимот продолжи да игра вака, Сампаоли нема да може да се врати во Аргентина. Вистински срам е да се нема подготвено ниту една осмислена акција. Знаејќи дека Исланѓаните се високи по 1 метар и 90 сантиметри, ние при секој корнер пробувавме да играме со глава. Ниту еднаш не одигравме по земја. Не ги обвинувам фудбалерите, можам да замерам за тоа што едноставно нема работа. Очигледно е дека не работат доволно и тоа се виде на теренот. Видовме дека Исланд има завршено подобра работа и тоа е навистина жално, – вели Марадона.

 

Facebook Коментари