Поврзете се со нас

Италија

Мањан си нанел голема штета со спектакуларната пенал-интервенција во дуелот со Салах (Видео)

Објавено

на

При самиот крај на репрезентативната пауза, Милан излезе со неповолни вести поврзани за првиот голман Мик Мањан, кој сега и дефинитивно нема да му стои на располагање на тренерот Пиоли извесен период.

Францускиот чувар на мрежата ги бранеше сите натпревари за „росонерите“ од стартот на сезоната, но во последните неколку седмици, постојано „стискал заби“ и се соочувал со непријатни болки кои не му дозволувале да работи како што треба и на тренинзите.

Поради тоа, Милан одлучи да се направи оперативен артроскопски зафат врз зглобот на Мањан, кој голманот инаку го повредил за време на дерби пресметката против Ливерпул во месец септември. Поради неприродно движење при спектакуларната одбрана во пенал соочувањето со Салах, Мањан заработил повреда на зглобот, која вечерва и официјално е санирана.

Милан излезе со официјално соопштение и потврди дека е направена комплетна реконструкција на оштетениот дел во внатрешноста, по што Мањан ќе може да почне со тренинзите за шест седмици.

Во соопштението на „росонерите“, се додава дека Французинот ќе може да се врати на тренинзите за два и пол месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни