Поврзете се со нас

Италија

Мањан: Иритиран сум од себе, но вакви моменти се случуваат во фудбалот

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Мајк Мањан стана доста несигурен во последно време и со неколку кикса се најде во центарот на вниманието, па поради притисокот кој се создава во јавноста, капитенот на Милан сега почувствува потреба да се огласи пред новинарите.

Мањан кумуваше во Ротердам за голот на Феенорд и со невообичаено лошата реакција дозволи предност за домаќините, а иако вчера немаше многу работа на натпреварот со Верона, Французинот реши да даде изјава за просечните изданија за негови стандарди.

– Вакви моменти и вакви работи се случуваат во текот на една кариера, но најважна работа е да останете позитивен и да продолжите напорно да работите.

– Иритиран сум од некои мои грешки во последно време, но мора да останам позитивен и да верувам во тоа што го правам.

– По поразот во Лигата на шампиони, беше важно да победиме во домашното првенство. Продолжуваме да се качуваме на табелата, а сега повторно се насочуваме кон реваншот со Феенорд. Мораме да ја имаме цврстината која ја немавме во Холандија. Играме на домашен терен и мора да дадеме се за да победиме, – изјави Мењан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни