Поврзете се со нас

Лига на нации

Мањан: Хрватите ни ја повредија гордоста на првиот натпревар

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Мајк Мањан заврши извонредна задача во пенал рулетот со Хрватска и успеа да биде точен во проценки во два наврати, па така прерасна во херој во фудбалската лотарија која вчеравечер им припадна на Французите.

„Триколорите“ бркаа два голови негатива од Сплит и успеаја да ја надополнат благодарение на погодоците кои ги постигнаа Олисе и Дембеле во вториот дел, но во завршницата главниот збор го имаше голманот на Милан чија одбрана во дуелот со Станишиќ се покажа како клучна.

Мањан не го криеше задоволството по пресвртот кој го креираа тој и неговите соиграчи, особено поради фактот што Хрватите на моменти и си поигруваа со нив на средбата која се одигра три дена претходно на „Пољуд“.

– Одигравме многу лош натпревар во Сплит, издоминираа во секој поглед и правеа што сакаа со нас. Ни ја повредија гордоста на тој меч, па едноставно моравме да покажеме друго лице пред домашните навивачи. Бевме концентрирани од почетокот до крај, знаевме дека овој меч може да заврши на пенали.

– Ударите од 11 метри се психолошки двобој. Се доаѓа до крајот на натпреварот, играчите се веќе уморни и веќе ја нема потребната луцидност. Целта е да заземете што е поголем дел од голот, да изгледате доминантно. Тоа се случи во пенал рулетот, овојпат излезе добро за мене и за тимот, – изјави Мањан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни