Поврзете се со нас

Македонија

Маневски: Против Тиквеш до нов триумф во Првата лига

Објавено

на

Екипата на Брегалница успешно го положи испитот во Купот на Македонија против Воска Спорт, па сега целото внимание го насочува кон дуелот против Тиквеш во првата лига.

Таа средба се игра во недела во Штип од 15 часот, а домаќините сакаат победа со која би фатиле приклучок кон горниот дел на табелата.

-Желбата секако е победа како би имале приклучок кон горниот дел од табелата. Свесни сме дека ќе биде повторно еден цврст, тежок, дуел какви се сите оваа сезона во Првата лига, но знаеме и дека можеме и треба да ги освоиме трите бода.

-Тиквеш ќе допатува во Штип силно мотивиран за бодови, па затоа мора максимално сериозно да пристапиме на натпреварот. Ако ги исполниме сите зададени задачи од стручниот штаб, онака како што треба на терен, знам дека позитивниот резултат нема да изостане, -истакна за клупскиот сајт дефанзивецот, Михаил Маневски.

Брегалница по 6 кола е на 8 место со 7 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни