Македонија
Маневски му пресуди на Вардар во вечното дерби, Работнички ја доби драмата во Скопје

Вечното македонско фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар оваа сезона се игра во доста поинакви услови, бидејќи и двата тима се во долниот дел од табелата и се борат за опстанок во елитата.
Денешното големо дерби кое се играше во Битола на крајот му припадна на фаворитот, бидејќи младиот состав на Вардар не успеа да се сноси со притисокот и претрпе нов пораз со кој сега падна на десеттото место на табелата. Најтрофејниот македонски клуб загуби со 2:0 на гостувањето кај лутиот ривал, кој пак со оваа победа избега од опасната зона и изби на 7-то место со 32 бода, пет повеќе од Вардар.
Маневски беше човек на одлука на денешната пресметка, бидејќи најпрво го отвори резултатот во првото полувреме, а потоа во 87-та погоди и од пенал за конечни 2:0.
Единствена позитивна вест за Вардар ова попладне е тоа што Силекс загуби на гостувањето кај Шкендија, па така остана пред тимот од Кратово на табелата која заедно со Беласица е во најопасната зона која води директно во втора лига. Вардар во овој момент е на десеттото место кое обезбедува бараж за опстанок во елитата, но има четири бода помалку од Академија Пандев кој вчера забележа трета победа во низа.
Шкендија ја зголеми предноста на табелата во однос на Шкупи со денешниот триумф над Силекс, бидејќи главниот ривал за титулата потклекна на домашен терен и загуби од Ренова со 1:2. Шкендија со истиот резултат го победи тимот од Кратово, а стрелци на головите беа Нафиу и Ибраими за домаќините, односно Ѓоргиев за гостите.
На натпреварот во Скопје на националната арена „Тодор Проески“, мрежите мируваа цели 80 минути, а потоа следеа бурни десетина минути во кои видовме и пресврт. Гостинот Борец поведе со голот на Адили во 82-та минута, но Работнички во првата акција возврати преку Ѓурѓевиќ за 1:1. Кога се чинеше дека ќе има поделба на бодовите, Ѓурѓевиќ со својот втор гол погоди за 2:1 и обезбеди голема победа за „романтичарите“.
На последниот натпревар ова попладне, Струга на домашен терен убедливо славеше над последната Беласица со 3:1.

- Англијапред 22 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 24 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 20 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо
- Англијапред 21 час
Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата