Репрезентација
Манев: Селекторот постави добра тактика, а ние покажавме дека вредиме

Јован Манев доби шанса од селекторот Благоја Милевски на двете квалификациски пресметки во месец септември, а мора да се каже дека дефанзивецот ја зграби оваа прилика со две раце и одигра два извонредни меча.
Манев вчера беше стрелец и на голот со кој ја заверивме победата на гостувањето кај Малта, па по крајот на мечот беше еден од оние кои дадоа изјава за Фудбалската Федерација.
Младиот дефанзивец пред извесно време направи трансфер во Осијек, а истиот го прослави на најдобар можен начин и сега мирно ќе може да се насочи на клупските обврски.
– Чест ми е што сум од оваа селекција, сакам да испратам честитки до сите соиграчи. Селекторот постави добра тактика и ние го испочитувавме тоа. Докажавме дека вредиме и дека можеме да направиме големи нешта. Нема да застанеме тука, сега да одмориме, а потоа да се насочиме на клубовите. Ќе се вратиме за еден месец и да се надеваме на исти успеси.
– Позитивно влегуваме во секој меч, само со такви мисли доаѓа успех. Сите работиме еден за друг, играме како тим и само така се прават големи работи, – изјави Манев.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки