Поврзете се со нас

Репрезентација

Манев пред Хрватска и Чешка: Тоа се селекции кои ќе играат на ЕП, ама ние имаме јасна цел

Објавено

на

foto: ffm.mk

Македонија од 3 до 10 јуни ќе одигра два квалитетни натпревари против селекции кои ќе ги гледаме на престојното Европско првенство-тоа се Хрватска и Чешка.

Ова се два дуели кои ќе ги одиграме на гостински терен во Ријека и Храдец Кралове, големи предизвици на кои им се радуваат нашите фудбалери кои веруваат дека ќе можат да го дадат максимумот, да бидат на највисоко ниво и да се обидат да дојдат до добар резултат.

-Среќен сум што сум заедно со соиграчите и стручниот штаб. Кога се игра против репрезентации како што се Хрватска или Чешка, селекции кои се подготвуваат за Европското првенство, мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидат одлични тест натпревари за нас за предизвиците кои не очекуваат во септември. Кога се игра за репрезентација не постои штедење, фокусот е присутен постојано и кога сме на собир друга побитна работа нема. Сите тука сме со една цел, да постигнеме добар резултат, -порача дефанзивецот Јован Манев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни