Поврзете се со нас

Македонија

Манев: Не очекува тешко гостување во Ѓорче Петров, но ќе дадеме се од себе за позитивен резултат

Објавено

на

Новото 21. коло во Првата македнонска фудбалска лига се отвора утре во Ѓорче Петров со пресметката меѓу Македонија и Брегалница.

Ова е дуел на две екипи со сосема различен остварен учинок на првите две средби во пролетниот шампионат, „лавовите“ забележаа две победи, додека клубот од Штип освои само еден бод и поради тоа сака да го поправи впечатокот.

-Одигравме добар натпревар во Струга, беше тоа тешко гостување на кое победата ја испуштивме на крајот. Сега не очекува уште едно тешко гостување во Ѓорче Петров против Македонија ЃП, тим кој е навистина одличен и максимално го почитувме. Но, мора да дадеме се од себе за позитивен резултат. Свесни сме дека имаме квалитетен тим кој може да се надигрува со секого, и тоа треба да го покажеме на терен на утрешниот натпревар, -порача Јован Манев за официјалната веб страна на Брегалница.

Штипјани беа убедливи во првата сезонска пресметка и славеа со 4-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни