Поврзете се со нас

Евролига

„Манекените“ во победничка серија: Милано и Димитријевиќ ја решија и Црвена Звезда (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ е во одличен ритам во Евролигата и доказ за тоа е новата победа остварена над Црвена Звезда од 101:86.

Ова за популарните „манекени“ беше четврто славје во низа, а до истото стигнаа сосема заслужено откако ги добија сите четири четвртини во пресметката со ривалот од Белград. Четата на Месина се избори за двоцифрена предност по две четвртини (53:42), предност која по паузата не само што ја одбранија туку и ја зголемија за конечни на крајот плус 15.

Миротиќ одново беше лидер со 23 поени, 7 скока и 2 асистенции. Нашиот репрезентативец Димитријевиќ имаше скромен учинок од 4 поени, 2 скока и 3 асистенции за 14 минути на теренот.

Кај Звезда се истакна плејмејкерот Дос Сантос со 17 кошеви и 6 асистенции.

Во дербито на денот Олимпијакос како гостин беше подобар од Монако со резултат 89:80, а Алба го изненади Виртус во Болоња со 90:88 во соочувањето во кое мораше да се играат дополнителни минути за да се добие победникот.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни