Поврзете се со нас

Свет

„Манекените“ во акција: Олимпија Милано сака да „украде“ двајца важни играчи на Фенербахче

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш, Олимпија Милано сака да изгради квалитетен и моќен состав за наредната сезона, па така по информациите дека Кајл Хајнс е на добар пат да стане „манекен“ сега доаѓа веста дека по истиот пат можат да тргнат ѕвездите на Фенербахче, Луиџи Џиџи Датоме и Дерик Вилијамс.

Тренерот Еторе Месина сака да ги види двајцата во Милано со таа разлика што Датоме има активен договор со Фенер, додека пак Вилијамс е слободен агент.

Џиџи од 2015 година е дел од турскиот гигант и е еден од најважните играчи, меѓутоа клубот од Истанбул се соочува со одредени финаниски проблеми со што се отвара можност за договор и преселба на Италијанецот во Милано.

Вилијамс пак и лани беше посакуван од „манекените“, играч во кој Месина гледа одлично засилување под кошевите, но и играч кој е брз, тимски расположен поради што и го посакува во екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни