Мане за прв пат проговори за испадот против Барнли: Мо ме праша зошто сум лут, неговата реакција беше…

mane-klop

Садио Мане го привлече вниманието на натпреварот против Барнли кога нервозно реагираше при замената затоа што Мо Салах не му додавал неколку топки со ред.

Тогашната реакција го обиколи светот, а со коментар се јавуваше и тренерот на клубот, Јирген Клоп.

Сега Мане, во интервју  за „КаналПлус“ објасни како ја решиле ситуацијата со египетскиот фудбалер.

– Ме праша зошто сум толку лут, а јас му кажав дека мора да ми ја подава топката. На тоа тој ми одговори дека не ме гледа и дека нема ништо против мене. Јас го знам тоа, но неговата реакција беше малку чудна. Зборуваме на телефон, си пишуваме пораки и меѓу нас нема никаков проблем. Зборувавме меѓусебно, а потоа тренерот не викна во неговата канцеларија каде исто така разговаравме. Тогаш му кажав дека го решивме проблемот, а тој беше пријатно изненаден, -изјави Мане.

Facebook Коментари