Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мане за играњето со рака и недосудениот пенал: Ако не се заштитев со рака, ќе завршев во болница (Видео)

Објавено

на

Интер ги пропушти своите шанси против Баерн Минхен во првите 20 минути од средбата, бидејќи покрај стопроцентната шанса на Лаутаро Мартинез, Италијанците сметаат дека беше недосуден и чист пенал по ударот на Барела.

Садио Мане имаше очигледно движење со рацете и имаше контакт со топката, па иако судиите долго ја прегледуваа оваа ситуација, на крајот проценија дека нема доволно елементи за пенал.

Гостите од Милано сметаат дека се крајно оштетени во оваа ситуација поради очигледното и намерно играње со рака, но Мане има поинаков став и го образложи истиот по крајот на средбата.

– Ако не ги ставев моите раце пред главата, најверојатно ќе завршев во болница. Според мене, тоа не е пенал бидејќи рацете ми беа на исто место со главата, – изјави Мане кој проговори и за можноста да се сретне со Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампиони.

– Ждрепката си е ждрепка и ќе видиме со кого ќе се паднеме. Ливерпул е една од опциите и сигурно дека тоа ќе биде специјален меч за мене. Ќе зборуваме за тоа ако дојде до такво нешто, – додаде Садио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни