Мане уште еднаш покажа дека е голем човек: Побара од капитенот на Вотфорд да се погрижи за својот срамежлив колега од репрезентацијата (Видео)

mane

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане уште еднаш ги освои симпатиите на љубителите на фудбалот со еден потег од тунелот на „Енфилд Роуд“.

По средбата помеѓу Ливерпул и Вотфорд, Мане разговараше со неговиот колега од репрезентацијата на Сенегал, Исмаила Сар.

Во тој момент дојде капитенот на Вотфорд, Трој Дини од кого Мане побара една работа со која ги освои симпатиите.

– Грижи се за моето момче. Тој е срамежливо момче, срамежливо момче, -му кажа Мане на Дини со цел да се погрижи за Исмаила Сар, млад фудбалер кој од оваа сезона е фудбалер на Вотфорд.

Facebook Коментари