Поврзете се со нас

Германија

Мане претставен во Баерн: За мене немаше никакви дилеми, сакам да постигнам многу со овој клуб

Објавено

на

Сенегалскиот репрезентативец, Садио Мане официјално е нов член на најдобриот германски состав Баерн Минхен.

Тоа што се очекуваше сега е потврдено, па досегашната ѕвезда на Ливерпул од „Енфилд Роуд“ се сели на „Алијанц Арена“ за сума која со сите бонуси може да достигне до 40 милиони евра.

-Навистина сум среќен што конечно сум во Баерн во Минхен. Зборувавме многу и уште од самиот почеток почувствував голем интерес од овој голем клуб, така што за мене немаше дилеми. Вистинско време е за овој предизвик. Сакам да постигнам многу со овој клуб, секако и во Европа. За време на мојот престој во Салцбург гледав многу натпревари на Баерн – навистина ми се допаѓа овој клуб, -порача Мане за официјалниот сајт на баварците.

Договорот на Садио е со важност до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни