Мане откри што се случува во тренинг центарот на Ливерпул пред стартот на сесијата и заклучи: Тоа е она што не прави специјални

mane-stoi

Ливерпул оваа вечер му гостува на Вулверхемптон на „Молину“ стадионот, а на неколку часа пред одигрувањето на натпреварот со кој ќе се заврши 24-то коло во Премиер лигата, Садио Мане излезе со една интересна изјава повразана за посветеноста и професионалноста која владее во европскиот шампион во последно време.

Тимот на Јирген Клоп со својата интензивна и агресивна игра е едноставно несопирлив оваа сезона во домашното првенство, а според Мане, големи заслуги за тоа имаа самите играчи, кои покрај тоа што се крајно професионални и дисциплинирани, напорно работат за да се подбруваат од ден во ден и покрај добрите резултати.

– Јасно е дека навивачите донесуваат заклучоци за тоа што го правиме на теренот секој викенд и од успесите кои ги остваруваме. Но, работата на професионалците започнува во тренинг комплексот, а не на теренот за време на викендите. Од првиот ден откако сум во Ливерпул, секој ден гледам како играчите сакаа да се подобруваат од ден во ден. На еден час пред тренизните, цела теретаната е комплетно полна и тоа доволно говори за овој тим. Тоа е многу добар знак за клубот, тоа значи дека сите играчи сакаат да бидат во најдобра форма, тоа ги прави работите специјални на теренот, – вели Мане за официјалната страна на Ливерпул.

Facebook Коментари