Мане ја откри тајната на напаѓачкиот фудбал на Ливерпул

mane-liverpul

Ѕвездата на Ливерпул Садио Мане ја откри тајната на неверојатниот напаѓачки фудбал на неговиот тим сезонава.

„Црвените“ под водство на Јирген Клоп сезонава играат максимално офанзивно, а најистакнати во таквата игра се тројцата напаѓачи: Садио Мане, Роберто Фирмино и Мохамед Салах.

– Нашата тајна е иста како секогаш во фудбалот. Клучно е што сите работиме заедно. Нашиот среден ред, нашите дефанзивци и нашиот голман ни олеснуваат да го играме овој специјален напаѓачки фудбал. Системот на Јирген Клоп секако придонесува за ова. Системот на Клоп е со големо реноме, не само во Германија, туку во цела Европа – вели Мане.

 

Facebook Коментари