Поврзете се со нас

Свет

Мане го режираше најлошиот старт во кариерата, луѓето во ВАР се направија „слепи“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CAF_Online

Првата нокаут рунда на Африканскиот Куп на нации донесе големо дерби меѓу Брегот на Слоновата Коска и Сенегал, па уште во раната фаза видовме елиминација на актуелниот бранител на титулата.

Сенегалците имаа водство против домаќиниот на овогодинешниот турнир до 86-та минута, но Франк Кеси израмни на 1:1 и потоа мечот отиде во пенал завршница во која победија „слоновите“.

Садио Мане како најголема ѕвезда на Сенегал прецизно го реализираше ударот од 11 метри, меѓутоа според многумина тој воопшто не требаше да дојде до таа фаза на мечот.

Фудбалерот на Ал Наср режираше ужасен старт во раната фаза на натпреварот при резултат 0:0, па слободно може да се каже дека судијата го поштеди од црвен картон.

Напаѓачот стартуваше преагресивно со отворен ѓон, па африканските фанови се прашуваат како беше можно оваа ситуација да мине само со жолт картон и без интервенција од ВАР.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни