Поврзете се со нас

Англија

Мане го откри омилениот соиграч од Ливерпул: Едноставно го сакам…

Објавено

на

blank

Ливерпул овој викенд има гостински предизвик во Премиер лигата и тоа во Шефилд каде ќе се соочи со Јунајтед, тим кој е на дното на табелата по 25 одиграни кола што секако е одлична можност за „црвените“ да ја прекинат лошата низа на резултати.

Во пресрет на овој дуел Садио Мане одработи едно интересно интервју за „ЕСПН Бразил“ во кое говореше на различни теми, а меѓу другото проговори за Роберто Фирмино за кого обелодени оти е негов омилен соиграч во сегашната средина.

-Не знам зошто, но оваа година се уште ми нема доделено асистенција. Јас му велам: Зашто повеќе не ми даваш асистеции? Мислам дека веќе ти дадов. Но, се разбира тој секогаш ми дава многу асистенции. Така, благодарам Боби,и во следните неколку натпревари, ќе направам се што можам за да ти возвратам, -вели Мане и додава:

-Тој заслужува повеќе заслуга од мене и Салах. Тој секогаш гледа [можности за] голови, мислам дека без Боби не верувам дека јас и Мо ќе дадевме толку голови. Затоа што тој ни прави сè да биде полесно. Мислам дека Бразил има среќа што го има Фирмино. Секогаш му велам, треба да ја промениш националноста и да играш за Сенегал што за мене би било сон.

-Јас едноставно го сакам. Тој е мојот омилен соиграч, го сакам, -заврши офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни