Поврзете се со нас

Германија

Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман

Објавено

на

Томас Тухел вчера го одработи првиот тренинг во Баерн Минхен и се најде во фокусот во „Зебенер Штрасе“ центарот, но додека тој полека се насочува кон работата и големите предизвици кои го чекаат, германските медиуми и новинари се уште се занимаваат со неочекуваниот расплет.

Јулијан Нагелсман на доста суров начин дозна дека е отпуштен од Баерн и веста прво циркулираше во јавноста пред да биде известен од директорите на клубот, а во денови во кои се појавија различни гласини за разделбата меѓу двете страни, најгласни се оние кои велат дека младиот стручњак едноставно ја загубил довербата кај играчите.

Губењето на соблекувалната е нешто за што зборуваше и Хасан Салихамиџиќ на пресот на кој Тухел беше претставен како нов тренер, по што „Билд“ излезе со шестте имиња кои биле посебно незадоволни од работата, методите и одлуките на Нагелсман.

Угледниот весник ги посочи Нојер, Улрајх, Гнабри, Мусиала, Сане и Мане како играчи кои му го завртеле грбот на тренерот, но сега истиот извор вели дека главен детонатор за отказот на Јулијан бил напаѓачот кој изминатово лето пристигна како голема ѕвезда од Ливерпул.

Имено, Мане бил крајно незадоволен што одиграл само осум минути на реваншот против ПСЖ и отворил расправија со Нагелсман пред сите соиграчи во соблекувалната, што на останатите им отворило сомнеж дали тој ќе може да се справи со притисокот во Лигата на шампионите до самиот крај. Оваа вест брзо стигнала до Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, кои само две седмици подоцна решија да ја завршат соработката која требаше да трае уште три години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни