Поврзете се со нас

Балкан

Манџукиќ воодушевен од новиот предизвик: Ќе внесам страст и ќе го пренесам своето искуство

Објавено

на

Марио Манџукиќ донесе неочекувана одлука по крајот на летниот преоден рок и стави крај на својата играчка кариера, но сега многу брзо стана јасно каде ќе се насочи и што ќе работи во иднина.

Легендарниот хрватски напаѓач кој го освои сребрениот медал на Светското првенство пред три години сака да добие тренерска лиценца и да започе работа како стручњак, а за почеток, му се приклучи на стручниот штаб на Златко Далиќ, што воедно е негово враќање во репрезентацијата.

Манџукиќ ќе биде еден од помошниците на хрватскиот селектор и ќе биде составен дел од мундијалот во Катар, каде Хрватска ќе се обиде да направи нов голем успех.

– Голема благодарност до селекторот Далиќ и претседателот на Федерацијат Кустиќ. Навистина лесно се договоривме околу соработката и многу се радувам. Знам колку репрезентацијата ми значеше како играч и сакам таа страст и своето искуство да го пренесам на новата генерација.

– Одлично е што осигуравме директен пласман на мундијалот во Катар, сега добивме мир и една година ќе се подготвуваме за тоа. Со голема одговорност, желби и амбиции влегувам во оваа работа и ќе дадам се од себе да му помогнам на селекторот и колегите од стручниот штаб. Предизвикот е огромен, – вели Манџукиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни