Поврзете се со нас

Свет

Манџукиќ со реакција за потегот на Ракитиќ: Да знаеш дека е полесно да се игра…

Објавено

на

blank

Информацијата дека Иван Ракитиќ се повлекува од хрватската репрезентација е топ тема во неговата земја, а фудбалските фанови можат да жалат што новиот играч на Севилја реши да заврши со настапите во националниот тим.

Претходно истиот потег го направи и Марио Манџукиќ и тоа додека се уште беше член на Јувентус, па харизматичниот напаѓач меѓу првите го коментираше потегот на Ракитиќ.

Манџукиќ објави заедничка фотографија со својот поранешен колега од репрезентацијата и тоа од СП во Русија, па му порача дека конечно може заедно да гледаат натпревар на телевизија, иако тоа не е лесно.

– Среќен сум што заедно доживеавме толку важни моменти со Хрватска, ми беше задоволство со тебе да го делам теренот и соблекувалната, победите и поразите, солзите и насмевките…

– Можеш да бидеш горд на она што го постигна со Хрватска, а сега конечно можеме заедно да погледнеме на телевизија еден натпревар на репрезентацијата. Иако, знај, полесно е да се игра отколку да се гледа, – напиша Манџукиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни