Манџукиќ е на добар пат да се пресели во МЛС лигата

Juve-Mandzogol

Марио Манџукиќ неколку години е дел од најдобриот италијански состав Јувентус, но како што стојат работите по се изгледа тој повеќе не им е потребен на „бјанконерите“ и тренерот Маурицио Сари, па напаѓачот сака што побрзо да си замине од Торино.

Според „Скај Спорт Италија“ тој е во напреди преговори за да си замине од Јувентус и потпише со МЛС составот Лос Анџелес ФЦ. Тој има понуди на маса и од Катар, но онаа која дојде од тимот од Лос Анџелес е далеку поприфатлива, поатрактивна за него, па според италијанските медиуми се очекува тој истата да ја прифати и да започне еден нов предизвик во неговата кариера.

Инаку Марио има 33 години и во своето досегашно парување освен во Италија и Хрватска има настапувано во Германија и Шпанија.

Facebook Коментари