Поврзете се со нас

Македонија

Мандалиниќ: Се пронајдов во Битола, Пелистер има големи цели

Објавено

на

blank

Хрватскиот интернационалец, Стипе Мандалиниќ е еден од играчите кој е носител на играта на Еурофарм Пелистер, а тоа така се очекува да биде во продолжението од сезоната, но и во наредната година со оглед на тоа што тој го продолжи договорот.

Мандалиниќ е среќен во Битола и се надева дека ќе помогне да се остварат високите цели кои клубот ги има зацртано.

-Првите шест месеци во Битола за мене беа едно убаво искуство. Немавме многу натпревари, не можевме добро да влеземе во форма, но во екипата гледам многу потенцијал и добро работиме и тренираме. Мојот впечаток за овие шест месеци е многу позитивен. Што се однесува до градот, градот е мал, но има душа. Живее за спортот, посебно за ракометот. Тука е одлично за моето семејство, во овој град се пронајдов, среќен сум во Битола и така ја договоривме соработката за следната сезона. Клубот се стреми за големи цели, почнувајќи од тренерот и стручниот штаб. Откако размислив и се консултирав одлучив да ја продолжам соработката, -истакна Хрватот кој не го плаши згуснатиот распоред за продолжението од оваа кампања.

-Во вториот дел од сезоната натпреварите се збиени. Ќе има многу натпревари, но не ме плаши збиениот календар, бидејќи играв во Бундеслигата, каде што се играат три натпревари неделно. Треба многу да се работи и да бидам искрен, го гледам тимот многу високо. Како ќе оди текот на сезоната ќе видиме, но одиме натпревар по натпревар, -рече бекот кој се надева оти во иднина ќе се вратат навивачите на трибините.

-За навивачите на Пелистер сум слушал од многумина, гледав и неколку натпревари на Интернет, минатата сезона против Веспрем и Мешков Брест, и тоа е навистина атмосфера која ти дава „ветер во грб“, баш кога треба да го прекршите натпреварот. Секому му недостигаат, но нам посебно. Таква публика со таков ентузијазам посебно ќе ни фали на големите натпревари. Но, ние може да им ветиме и ним и на граѓаните на Битола дека на секој натпревар ќе го дадеме максимумот, -порача Стипе кој не се најде на списокот на Хрватска за СП во Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни