Поврзете се со нас

Свет

Мандалиниќ експресно си пронајде нова средина по егзодусот во Битола

Објавено

на

Играчкиот егзодус кој настана во Еурофарм Пелистер по крајот на сезоната е сериозна најава дека во битолскиот тим ќе има голема револуција, а еден од најдобрите играчи брзо си пронајде решение и нов клуб.

Стипе Мандалиниќ беше еден од најдобрите и најконстантните играчи во составот на Бабиќ, но ниту тој не ја преживеа чистата за која се одлучи клубот и мораше да си бара нова дестинација.

Ова попладне пристигна официјална информација дека Хрватот се снашол и следната сезона ќе настапува во Грција, и тоа во тимот на АЕК.

Клубот од Атина ја потврди веста за ангажманот на хрватскиот ракометар, кој беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер во изминатите две сезони во Европа.

Договорот е во времетраење од една година, а во зависност од перформансите, истиот може да биде и продолжен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни