Поврзете се со нас

Македонија

Мандалиниќ доминираше, Еурофарм сигурен против Бутел

Објавено

на

Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување на дуелот со Бутел (27:20) и со убедлива победа го отвори осмото коло во македонскат машка ракометна лига.

Расположениот Стипе Мандалиниќ доминирал на теренот во Битола, не оставајќи простор за гостите од Скопје да направат нешто повеќе на тешкото гостување.

Фаворитот по водството 10:3 најави што ќе се случува до крајот, на полувремето водеше со 16:7, а големата предност остана до крајот на дуелот.

Мандалиниќ го заврши дуелот со 11 голови како убедливо најдобар поединец на теренот, а во тимот на Еурофарм, зад него следуваше Божиќ Павлетиќ со 4 голови.

Најдобар реализатор во редовите на Бутел повторно беше Мајиќ, кој го завши натпреварот со 9 голови.

Со денешната победа, Еурофарм во моментов има ист број бодови со Вардар, но актуелниот шампион има натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни