Манчини упати совет до еден потенцијален репрезентативец: Промени го клубот ако сакаш на Европско…

mancini

Селекторот на Италија, Роберто Манчини дефинитивно беше стратегот кој одработи најдобар квалификациски циклус.

„Аѕурите“ одиграа без грешка и остварија десет победи од исто толку средби,а згора на се беа и екстремно ефикасни постигнувајќи вкупно 37 погодоци.

Селекторот Манчини не ја затвори вратата за талентираниот напаѓач Моизе Кен, но го посоветува дека доколку сака да избори место во составот кој ќе патува на континенталниот собир мора да ја промени средината.

– Сенадевам дека ќе пронајде клуб во кој ќе има можност да игра стандардно. Ако успее во тоа, тој ќе може да дојде на Европското првенство. Значи, се зависи од него и од тоа што ќе направи од сега до мај, -истакна Манчини.

Кен оваа сезона за Евертон одигра десет натпревари во Премиер лигата од кои само на две почна од првата минута.

Facebook Коментари