Поврзете се со нас

Свет

Манчини со искрен одговор на провокативно прашање: Зошто останав селектор после Македонија?

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Италијанската фудбалска репрезентација со две победи се избори за прво место во својата група и фајнал-фор турнир во Лигата на нации, успех кој сепак е премала утеха за огромното разочарување кое го доживеаја „аѕурите“ во месец март.

Тоа што требаше да претставува рутина за актуелните европски шампиони, се претвори во вистински кошмар благодарение на избраниците на Благоја Милевски, кои успеаја да направат сензација во Палермо и да победат со 0:1 во бараж полуфиналето за Светското првенство.

Италија одново остана без мундијал и тоа се случи само неколку месеци по освоената европска титула на „Вембли“, па разочарувањето ги прогонува актерите од селекцијата и шест месеци подоцна.

– Зошто останав по поразот од Македонија? Да бидам искрен, не знам зошто останав. Едноставно во тој момент сакав да свртам нов лист и да почнеме од нова страница. Европското првенство ни донесе неверојатна радост, но за жал, сега ќе треба да почекаме неколку години за да се избориме за такви емоции.

– Оваа недела покажавме добра игра. За жал, тоа е ништо во споредба со она што го доживеавме последните месеци. Не заслуживме да останеме без Светско првенство, а тоа го докажавме со победите над Англија и Унгарија. Сметам дека Англија поседува квалитет за да се бори за титулата на Светското првенство, – изјавил Манчини за време на денешниот сицијален фудбалски самит во Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни