Поврзете се со нас

Европски првенства

Манчини со акробатски прием на топката го украде шоуто на „Олимпико“ (Видео)

Објавено

на

Роберто Манчини ја изрежира најчудната измена на ова Европско првенство и дефинитивно една од најбизарните во историјата на континенталните собири, бидејќи селекторот на Италија одлучи да направи симболична замена на голманите во 89-та минута.

Во ситуација кога Италија го обезбеди пласманот во осминафиналето и имаше предност од 1:0 против Велс, Манчини му даде шанса на Сиригу да дебитира на едно Европско првенство, но сите се прашуваа зошто не го стави малку порано, а не во завршницата во која ниту еднаш не ја допре топката по влегувањето во игра на местото на Донарума.

Замената на Манчини тешко дека има некое логично објаснување, но затоа предводникот на „аѕурите“ го привлече вниманието и со еден технички квалитет кој само им го докажа на фановите она што веќе извесно време го велат репрезентативците на Италија.

Фудбалерите на Италија објаснуваат дека поранешниот голгетер е во одлична форма и на 56 години и може слободно да парира на тренинзите, а доказ за тоа е и неговиот исклучително добар прием на топката со кондури на нозете….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни