Поврзете се со нас

Европски првенства

Манчини: Повредата на Спинацола беше мотив за титулата на ЕП

Објавено

на

Селекцијата на Италија по вторпат во својата историја се искачи на врвот кога се во прашање триумфите на европските првенства.

„Аѕурите“ имаа одличен настап на шампионатот кој беше доста специфичен, се играше во многу земји, градови, но тоа не им пречеше на Италијаните кои во завршниот меч како гости на „Вембли“ да бидат подобри од домаќинот Англија.

Доправа ќе се говори за успехот на оваа генерација, успех за кој краток коментар имаше селекторот Роберто Манчини. Манчини откри дека повредата на Леонардо Спинацола има била дополнителен мотив, причина плус да стиснат и победат на турнирот.

-Спина беше најдобриот бек на ЕП, беше фундаментален играч за неговата сила, темпо, техника и не ја заслужи оваа сериозна повреда за време на тој важен натпревар (против Белгија). Тоа беше тежок момент за сите нас и сега имаме нешто повеќе да направиме да сакаме да го освоиме ЕП, да го направиме тоа за него, бидејќи во моментов тој не може да стори ништо повеќе за тимот, -вели Манчини во документарецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни