Поврзете се со нас

Европски првенства

Манчини побара поголеми ростери за Европското првенство

Објавено

на

Италијанскиот селектор Роберто Манчини, побара од УЕФА да дозволи поголеми ростери за репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство.

Манчини смета дека проблемите со пандемијата може да имаат негативно влијание врз настапите на турнирот.

– Мислам дека идејата за зголемување на составите на 25 или 26 фудбалери е добра. Што ако имаме позитивни случаи?, – прашува Манчини.

– Фудбалерите зад себе ќе имаат тешка сезона и никој не може да предвиди што ќе се случува.

– Подоцна ќе биде тешко да повикаме нови фудбалери, бидејќи сите ќе бидат на одмор, – смета италијанскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни