Поврзете се со нас

Светски првенства

Манчини по денешната ждрепка: Дефинитивно можеше да биде подобро

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини го даде своето видување по денешната ждрепка за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство.

Селекцијата на Италија ќе се соочи со Македонија во првиот полуфинален натпревар од групата Ц во ждрепката, а подобриот од овој натпревар ќе оди на мегдан со победникот од средбата помеѓу Португалија и Турција.

Манчини не е задоволен со тоа што му паднала Португалија во ждрепката, но потенцираше дека за да дојдат до такво нешто прво мора да ја победат Македонија.

– Можеше да биде малку подобро. Јасно е дека и двете репрезентации прво мора да ги победиме Македонија и Турција па потоа да размислуваме за меѓусебен натпревар.

– Се игра по еден натпревар и тоа секогаш предизвикува проблеми. Ние сме самоуверени и имаме позитивна атмосфера во таборот, но портив Македонија мора да одиграме одличен натпревар, а потоа да размислуваме за финалето,- потенцираше Манчини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни